Дома Фудбал Останато Нови контроверзии во Париз поради Нејмар, Тухел порача: Не сум му татко, не сум ни полицаец

Нови контроверзии во Париз поради Нејмар, Тухел порача: Не сум му татко, не сум ни полицаец

Нејмар повторно прави проблеми во Париз.

Прв пат после еден месец Нејмар ќе истрча на теренот во дресот на ПСЖ. Во петок од 20:45 ПСЖ го очекува натпревар против Лил. Повредата на задната ложа е зад него иако не е баш целосно оправен и поради тоа е главна тема на медиумите. Нејмар место слободното време да го искористи за максимално да се подготви тој отпатува во Мадрид да гледа натпревари од Дејвис Купот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот Томас Тухел призна дека тоа не му се допаднало.

„Не сум му татко, а не сум ни полицаец…Дали како тренер ми се допадна тоа што патуваше? Секако дека не. Но требали сега да правиме драма од тоа? Не треба ни тоа“, изјави Тухел на конференцијата пред утрешниот натпревар.

Тухел во продолжение сепак го пофали напорот на Нејмар.

„Овие две недели тренираше повеќе од било кој друго и ако се биде како што треба ќе игра утре. Премногу е за него да игра 90 минути, иако тој тоа нема да ви го признае ако го прашате. Вистината е дека не може толку да издржи“, порача стратегот на клубот од Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…