Сантијаго Солари седна на клупата на Реал Мадирд каде што го наследи Јулиен Лопетеги.
Голем навивач на Реал и голем обожавател на Лео Меси – со овие зборови може да се опише Сантијаго Солари, новиот тренер на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој човек пристигна со цел да го изгаси пожарот кој го предизвика Лопетеги кој доби отказ после 14 натпревари. Многумина се прашуваат кој е Солари и зошто Перез го избра топкму него? Зошто тимот полн со ѕвезди одлучи да го препушти во рацете на целосно неискусен човек кој беше тренер на Реал Б?
Две опции се реални – тука е само привремено додека се пронајде проверенео тренерско име или Перез верува дека може да се повтори ситуацијата со Зинедин Зидан.
Но, да се вратиме на почетокот и приказната за Лео Меси. Имено, новиот тренер на Реал и најголемата ѕвезда на Барселона доаѓаат од ист град – Росарио. Освен тоа Солари секогаш со воодушевување зборуваше за Меси и не криеше дека за него тој е подобар од Роналдо.
„Головите на Меси изгледаат како потреси, громови, урагани, како атмосферски феномен. Секогаш кога Меси ќе ја добие топката земјата се тресе, а противничките тренери ги спуштаат главите и ги ставаат рацете во џеб, баш како кога некој видел молња и чека гром. Се затреперува на неколку секунди, а потоа се слуша удар“, напиша Солари во неговата колумна во 2012 година, откако Меси ја освои четвртата „Златна топка“.
„Разликата меѓу Меси и Роналдо е „Златната топка“. Кристиано Роналдо е најдобар во светот, но Меси игра друг спорт. Неверојатна работа за Меси е стабилноста која ја има во последните четири ли пет години, тоа е нешто натчовечко“, се додава во колумната.
Си пофални зборови за Меси зборуваше и четири години подоцна кога ги водеше младите „кралеви“.
„Меси обележа една ера, за наша жалост во Барселона. Би сакал да е тука во Реал“, изјави тогаш Солари.