Дома Топ вести Новиот проблем на Барселона се вика Осман Дембеле

Новиот проблем на Барселона се вика Осман Дембеле

Барселона се уште не може да постигне напредок во преговорите со Осман Дембеле за продолжување на соработката, пренесува „Мундо Депортиво“.

Раководството има оптимизам дека преговорите можат да завршат наскоро и Дембеле да стави потпис на нов договор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дембеле влезе во последната година од договорот, па доколку не го продолжи договорот следното лето може да си замине без обештетување.

Французинот доживеа тешка повреда на ЕУРО, имаше операција и моментално се рехабилитира, а се очекува да се врати на терените во јануари 2022 година.

Барселона е загрижена поради фактот дека може да го загуби Дембеле без обештетување, па доколку играчот не стави потпис на нов договор до јануари може да биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште една работа го кочи конечниот расплет околу Гатузо

Италијанскиот фудбал доживува нова криза. По неуспехот да се квалификува на третото послед…