Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Александер Исак објасни зошто го избра германскиот клуб пред големиот Реал Мадрид.
Исак, кој важи за еден од најталентираните напаѓачи во Европа во зимскиот преоден рок од АИК се пресели во редовите на Борусија Дортмунд, иако за него силен интерес покажуваше Реал Мадрид.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
17-годишниот Швеѓанец, кој веќе дебитираше за сениорската репрезентација, многумина го спредуваат со Златан Ибрахимовиќ.
„Борусија е многу погоден клуб за млади фудбалери и нивен напредок. Многу млади играчи овде добија шанса да се етаблираат. Поради тоа го избрав овој клуб и дојдов во Дортмунд“, објасни Исак.