Дома Фудбал Останато Новинарот на Шри Ланка ги има најчудните избори во гласањето за „Златната топка“ (ФОТО)

Новинарот на Шри Ланка ги има најчудните избори во гласањето за „Златната топка“ (ФОТО)

Лионел Меси ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот за 2019 година.

Аргентинецот до шестата Златна топка дојде пред Вирџил Ван Дајк и Кристиано Роналдо, а на тронот го наследи Лука Модриќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во гласањето учествуваа стручњаци и новинари од сите страни на светот, а веројатно најчудниот избор го направи новинарот од Шри Ланка.

Хафиз Марикар, новинарот на „Дејли Њус“ од година во година прави навистина чудни избори, па така оваа година најдобар за него бил Трент Александер-Арнолд. На второто место Марикар го ставил Обамејанг, потоа Гризман, Левандовски и Тер Штеген.

Интересно е што секоја година Марикар правел чуден избор, минатата година на прво место го ставил Еден Азар, а година претходно Леонардо Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…