Дома Фудбал Нова лоша вест за Анчелоти и Реал

Нова лоша вест за Анчелоти и Реал

Новото засилување на Реал Мадрид, Едуардио Камавинга заработил повреда на левата нога и тоа беше причината поради која беше заменет на полувремето против Еспаљол.

И покрај повредата Камавинга доби повик од француската репрезентација, каде ќе мине лекарски прегледи и ќе биде познат степенот на повредата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал бара Французинот веднаш да се врати во Мадрид и да се рехабилитира во лекарскиот тим на „кралевите“.

Ова е уште една лоша вест за Анчелоти, кој поради повреда не може да смета на Менди, Марсело, Карвахал, Иско, Асенсио и Маријано.

Надежите на „кралевите“ се дека Камавинга ќе биде спремен за игра после репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул нуди 40 милиони евра за фудбалер кој нема ниту еден професионален натпревар во кариерата

Англискиот гигант Ливерпул се подготвува повторно да биде во центарот на вниманието кога с…