Дома Фудбал Лига на шампиони Новата бразилска ѕвезда на Реал го престигна Нејмар – пред него остана само Роналдо!

Новата бразилска ѕвезда на Реал го престигна Нејмар – пред него остана само Роналдо!

Бразил има нов бисер, 17-годишниот Ендрик кој веќе си обезбеди трансфер во Реал Мадрид испиша историја во бразилското првенство.

Имено, бразилскиот фудбалер постигна 11 голови во бразилското првенство и тоа шест на последните осум натпревари за Палмеирас кој стана шампион.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Со своите 11 голови Ендрик успеа да го престигне Нејмар како втор најмлад фудбалер на сите времиња кој постигнал толку голови во една сезона во Бразилеро. Пред него остана само легендарниот Роналдо.

Ендрик беше стрелец и во последниот натпревар кој заврши 1:1 против Крузеиро, бод доволен Палмеирас да ја потврди титулата. Ендрик од следната сезона ќе го засили нападот на Реал Мадрид кој за него плати 37.5 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѓоковиќ номиниран за уште едно престижно признание – брка рекорд на Федерер!

Новак Ѓоковиќ е номиниран е за наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот. Најдобр…