Дома Фудбал Италија Ни Алегри, ни Зидан: Познат фаворитот за наследник на Пирло

Ни Алегри, ни Зидан: Познат фаворитот за наследник на Пирло

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанските медиуми.

Челните луѓе на „старата дама“ не кријат дека се незадоволни од работата на актуелниот тренер, Андреа Пирло, кој сигурно ќе добие отказ на крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јувентус веќе подолго време сака да го врати Зидан во своите редови, но Французинот доколку го напушти Реал сака да земи една година одмор.

Поради тоа весникот „Тутоспорт“ ексклузивно пренесува дека во пол-позиција во моментов е Џенаро Гатузо.

Гатузо на крајот на сезоната ќе го напушти Наполи, а „бјанконерите“ веруваат дека го има потребното искуство да ја води „старата дама“.

Агентот на Гатузо, Жорге Мендеш е во добри односи со „бјанконерите“ и наводно двете страни се во напредни преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лапорта: Изгледа дека во Шпанија судиите секогаш му помагаат на Реал Мадрид

Жоан Лапорта официјално ќе ја преземе должноста во неговиот трет мандат како претседател н…