Дома Останати Ништо од спектаклот помеѓу Фјури и Усик, преговорите пропаднале

Ништо од спектаклот помеѓу Фјури и Усик, преговорите пропаднале

Нема да има ништо од спектаклот помеѓу Тајсон Фјури и Олександар Усик, преговорите пропаднале.

Оваа вест за „Скај“ денес ја потврди Александар Красик, портпаролот на Усик.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Борбата меѓу шампионот Усик и Фјури требаше да се одржи на 29 април на „Вембли“ во Лондон.

Во текот на преговорите Фјури побарал парите од борбата да бидат поделени 70-30 во негова корист, на што Усик се согласил, но доколку Британецот донира милион фунти за помош на Украина.

Сепак, двете страни не успеаја да се договорат, па Красик потврди дека преговорите пропаднале.

Усик и неговите соработници наводно го затвориле тренинг кампот и се подготвуваат за следниот противник.

Усик сега ќе мора да ги брани титулите против задолжителниот предизвикувач на ВБА, Даниел Дубоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…