Дома Трансфер зона Ништо од Реал: Де Геа за 100 милиони евра се сели во…

Ништо од Реал: Де Геа за 100 милиони евра се сели во…

Француските медиуми пренесуваат дека Пари Сент Жермен го спрема теренот за доведување на голманот на Манчестер Јунајтед и шпанската репрезентација, Дави де Геа.

Спортскиот директор на „светците“, Антеро Енрике веќе го контактирал супер-агентот Жорге Мендеш, а планот е трансферот на Де Геа да се реализира следното лето.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Le10 Sport“ тврди дека голманот е примарна цел на ПСЖ ова лето и дека клубот веќе спремил 100 милиони евра за негов ангажман.

Доколку не успеат да го ангажираат Де Геа, „светците“ веќе имаат алтернативи, а тоа се Џанлуиџи Донарума од Милан и Јан Облак од Атлетико Мадрид.

Де Геа има договор со Манчестер Јунајтед до 2019 година, а познато е дека Шпанецот веќе подолго време е голема желба на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мудрик во јануари го напушта Челзи

Украинецот Михајло Мудрик во редовите на Челзи пристигна во 2023 година и од него очекувањ…