Дома Фудбал Останато Ништо од продолжување на дербито: Фудбалерите на Бешикташ не се појавија на теренот, Фенербахче во финалето

Ништо од продолжување на дербито: Фудбалерите на Бешикташ не се појавија на теренот, Фенербахче во финалето

Oд продолжувањето на прекинатиот натпревар помеѓу истанбулските гиганти Фенербахче и Бешикташ нема да има ништо бидејќи фудбалерите на гостинскиот тим не се појавија на теренот.

Натпреварот од полуфиналето од турскиот куп помеѓу Фенербахче и Бешикташ беше прекинат пред 14 дена кога домашните навивачи го погодија гостинскиот тренер Сенол Гунеш со паричка во главата, но Фудбалскиот сојуз на Турција одлучи натпреварот да биде продолжен.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Меѓутоа, екипата на Бешикташ не се појави на теренот. Тие и претходно најавија дека нема да се појават на теренот, па судијата Мете Калкаван означи крај на натпреварот.

Фенербахче така ќе помине во финалето од Купот на Турција со службена победа од 3:0, а доаѓањето на стадионот играчите на Фенербахче го искористија за полесен тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јунајтед блиску до договор со играчи кои беа отпишани

Манчестер Јунајтед е на чекор од важни потписи, бидејќи преговорите за нови договори со Ко…