Португалската фудбалска федерација денес објави дека Кристиано Роналдо е позитивен на Ковид 19.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Тој е добро, нема никакви симптоми и се наоѓа во изолација“, соопшти Федерацијата.
Напаѓачот на Јувентус не покажа никакви симптоми, но ќе мора да биде изолиран во следните 14 дена.
Тоа значи дека тој ќе го пропушти утрешниот натпревар со Шведска во Лигата на нации, гостување кај Кротоне во Серија А во сабота, но и натпревар со Динамо Киев следниот вторник во Лигата на шампионите.
Под знак прашалник ќе биде Португалецот и за натпреварите против Верона на 25 октомври во Серија А и големото дерби со Барселона 28 октомври во Лигата на шампиони.
Во прилог на Роналдо му оди новиот правилник во Серија А според кој потребен е само еден негативен тест за да може да продолжи со тренинзите.