Интер е во потрага по напаѓач до крајот на преодниот рок, а денес како „бомба“ одекна веста на Апенините дека „нероаѕурите“ би можеле да го ангажираат Горан Пандев.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веста ја објави експертот за трансфери и новинар на „Скај Италија“, Џанлука Ди Марцио кој тврди дека Интер веќе направил контакт со Џенова бидејќи Пандев би бил најефтино решение до крајот на сезоната.
Меѓутоа, набрзо стигна демант на ваквите тврдења, па „Спортиталија“ лансираше ново име за кое преговараат „нероаѕурите“.
Станува збор за алжирскиот напаѓач Ислам Слимани, кој моментално настапува во Монако како позајмен фудбалер од Лестер.
Интер сака да го донесе напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп, а потврда стигна и од француските медиуми.
— Alfredo Pedullà (@AlfredoPedulla) January 30, 2020