Дома Македонски спорт Мак баскет Ништо од ЕП: Пирова победа против Естонија за крај на турнирот во Перм

Ништо од ЕП: Пирова победа против Естонија за крај на турнирот во Перм

Македонската репрезентација со пораз го завршува настапот на турнирот во Перм. 

Од самиот почеток на натпреварот Естонија наметна добра игра, а ние грешевме во нападот и игравме слабо во одбраната. Кога се бориме за ЕП не смеевме да си дозволивме да примиме 50 поени за едно полувреме.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Естонците на полувремето водеа со огромни 49:38 и тука веќе беше јасно дека ќе ни треба чудо за во второто полувреме да ја надополниме негативата.

Во вториот дел видовме една подобра Македонија. На самиот старт направивме серија од 8:0, дојдовме и на минус 4, но потоа Естонија повторно почна да игра подобра кошарка и одново ја вратија предноста.

Ние одново бевме подобар тим во последната четвртина и на две минути до крајот дојдовме на минус еден. 80:79.

На крајот ние го добивме натпреварот со 84:86, но за пласман на ЕП ни требаше победа од најмалку 10 разлика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…