Дома Трансфер зона Ништо од договореното засилување на Барса – Бразилците барале бонуси, играчот поголема плата!?

Ништо од договореното засилување на Барса – Бразилците барале бонуси, играчот поголема плата!?

Делегацијата пристигна во Каталонија, но ништо со никого не се договорил!

Информациите од Шпанија тврдат дека нема договор. Имено, иако агентите и претседателот на Гремио пристигнаа во Европа за последни разговори околу Артур, работата не е завршена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ниту едната страна не била задоволна, ниту еден договор не е постигнат.

Гремио бараше сумата да биде поголема од 40 милиони, односно да бидат вклучени и дополнителни бонуси, Барса пак не го прифатила ова барање. Одличниот играч за врска има клазула од 50 милиони евра.

Исто така, агентите барале поголема плата за фудбалерот, Барселона не се согласила ниту на такво нешто.

Според првите најави се очекува Артур идниот јануари да пристигне во Каталонија, но според ова изгледа дека сепак, овој трансфер нема да се реализира.

Работите сега се комплицирани, па Гремио ќе разгледа и други понуди кои наводно се спремни да го понудат она што тие го бараат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…