Дома Трансфер зона Ница го ‘откачи’ Балотели, но за нов клуб не чекаше долго

Ница го ‘откачи’ Балотели, но за нов клуб не чекаше долго

Марио Балотели во наредните денови ќе добие отказ од екипата на Ница.

Италијанскиот напаѓач овој јануари ќе го напушти клубот, а како слободен играч ќе го засили Марсеј.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Скај Италија тврди дека раководството на Ница донело одлука за негово отпуштање, а 28. годишниот напаѓач нема да ја менува лигата и ќе потпише договор со еден од најголемите француски клубови.

Италијанецот претходната сезона одигра одлично во овој тим. Постигна 26 погодоци на 38 натпревари и во текот на летото ја продолжи соработката за уште една година.

Сепак, оваа сезона застана. Во 10 одиграни натпревари не направи апсолутно ништо, а тренерот Патрик Виеира го отпиша од сите комбинации.

Балотели по кој знае кој пат ќе добие нова шанса во кариерата, а новиот клуб Марсеј ќе се обиде да го извади најдоброто од него.

Балотели во кариерата покрај Ница настапуваше уште и за Милан, Ливерпул, Манчестер Сити и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…