Дома Топ вести Ниту Џеко, ниту Бензема – Ова е „ГОЛЕМОТО ИМЕ“ на Милан

Ниту Џеко, ниту Бензема – Ова е „ГОЛЕМОТО ИМЕ“ на Милан

Управата на Милан најави дека во текот на летото ќе ја засили екипата.

Масимилиано Мирабели, спортскиот директор на клубот најави дека во тимот ќе пристигнат играчи кои се одлични, а дека ќе има засилувања најави и главниот човек во клубот, Марко Фасоне. Иако италијанските медиуми објавија дека на „Сан Сиро“ би можел да пристигне Џеко или напаѓачот на Реал, Бензема, нов член на Росонерите најверојатно ќе биде Радамел Фалкао.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Tuttosport“ тврди дека луѓето од Милан започнале преговори со Монако околу замена на фудбалерите. Во Италија би заминал Колумбиецот, додека во спротивната насока би заминал Андреа Силва. Околу овој трансфер веќе е ангажиран Мендес кој се грижи за кариерата на двајцата фудбалери, а наводно и францускиот тим е многу заинтересиран за ваква замена.

Силва помина само една сезона во Милан. Иако е палтен 38 милиони евра, не се докажа премногу и многу се пишува за неговото заминување. Од другата страна, Фалкао одигра многу добра сезона, а во 35 натпревари постигна 24 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…