Oфицијалната понуда би требало да пристигне наредната недела.
Прва желба беше Вилијан, потоа се споменуваше Џердан Шаќири, а сега нова мета на Манчестер Јунајтед е Мексиканецот – Ирвинг Лозано!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е во потрага по играч кој конечно може да ја пополни проблематичната позиција во офанзивата со која Мурињо би го добил посакуваниот облик на тимот, а сега наводно во прв план се истакнал Лозано кој е член на ПСВ.
Според индормациите, Манчестер Јунајтед спрема понуда од 35 милиони евра и таквата понуда официјално ќе им ја претстави на челниците на ПСВ кон средината на наредната недела.
Ирвинг Лозано би можел да биде прво решение поради тоа што има само 23 години и може подеднакво добро да се снаоѓа на двете страни, продорен е, знае да се уфрлува…Единствен проблем се наведува дека би можела да биде дисциплината на фудбалерот, бидејќи тој важи за фудбалер со „немирен дух“.