Денес донесена е одлука во наредните 30 денови спортските настани да се играат без публика, што значи дека историскиот меч Македонија – Косово ќе се игра пред празни трибини.
По оваа одлука се огласи портпаролот на ФФМ, Златко Андовски кој најави дека ќе се обидат да го одложат натпреварот.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
На одложување повика и македонскиот репрезентативец, Бобан Николов кој истакна дека без публика е исто како да играме без Пандев, Елмас или Нестор.
„Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правите “спектакли”!
Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас.
Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа.
Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот.
Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати“, напиша Николов на Фејсбук.
