Дома Фудбал „Никогаш не сум видел играч да го направи она што го направи Кејн во 80. минута во Мадрид“

„Никогаш не сум видел играч да го направи она што го направи Кејн во 80. минута во Мадрид“

Хaри Кејн (30) минатото лето го напушти Тотенхем и за прв пат играше надвор од Англија. Тој реши да направи трансфер во голем клуб за конечно да го освои првиот трофеј во кариерата, но од тоа ништо.

Кејн постигна дури 44 гола на 45 натпревари и запиша 12 асистенции, но Баерн сепак ја одигра првата сезона по 12 години во која не освои ниту еден трофеј.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Поранешниот играч на Ливерпул и Германија, легендарниот Дитмар Хаман ја коментираше оваа ретко видена ситуација во која се најде Баерн и како главен виновник го именуваше Кејн.

„Дали ќе беше полошо ако Метис Тел играше наместо него? Дали има смисла што го имаме? Зарем не би било подобро за нас да останат 100 милиони евра во банка, а тој да остане во Англија? прашува Хаман и додаде:

„Тој побара да биде заменет затоа што го боли грбот по 80 минути. Никогаш не сум видел играч да го направи тоа. Многу дресови беа продадени на негова сметка, тој беше ѕвездaта на летото, а нема трофеј. Кога Халанд си заминуваше, сите мислеа дека Борусија ќе пропадне, а тие беа блиску до титуата Бундеслигата. Кога си замина Белингем, сите мислеа дека се завршени, а тие се во финалето на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…