Дома Трансфер зона Никако да добие шанса, Думбија повторно позајмен!

Никако да добие шанса, Думбија повторно позајмен!

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска кој е член на Рома и наредната сезона ќе ја помине на позајмица, четврта од како стигна во Рим.

На официјалниот сајт на португалскиот клуб Спортинг Лисабон стои дека во клубот пристигнува 29 годишниот Думбија на позајмица.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Искусниот напаѓач изминатата сезона беше позајмен на Базел каде што настапуваше во одлична форма и на 33 натпревари постигна 21 погодок во сите натпреварувања, а навивачите на зелено-белите веруваат дека Жорж Жесус може да го врати на нивото од неговите најдобри денови кога настапуваше за ЦСКА Москва.

Думбија за Лисабон го врзуваат убави спомени. Имено, во квалификациите за Лигата на шампионите постигна важен гол за ЦСКА Москва пред две години. Спортинг тој натпревар го доби со 2:1, но русите во Москва славеа со 3:1.

„Се сеќавам на тие натпревари како да беа вчера. Ја паметам фантастичната атмосфера на трибините и ќе ми биде задоволство да играм пред таква публика“, изјави Думбија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…