Дома Фудбал Англија Никаде го немало 72 дена, па се појавил на тренинг како ништо да не било!?

Никаде го немало 72 дена, па се појавил на тренинг како ништо да не било!?

Сите знаеме понекогаш да задоцниме, но приказната која ни доаѓа од Англија со Сенегалецот, Папи Џилобоџи ги надминува сите границите, тој задоцнил – 72 дена!?

Џилобоџи засега од непознати причини го немало во клубот повеќе од два месеци за сега одеднаш да се појави, разбирливо сите биле шокирани кога го виделе.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од поранешниот премиерлигаш најавија дека ќе го тужат фудбалерите бидејќи со своето непримерно однесување ја намалил својата цена на трансфер пазарот и така го оштетил клубот.

Џилобоџи после ваквиот потег секако ќе може да тренира со клубот, но со сигурност може да се каже дека повеќе нема никогаш да го облече дресот на овој клуб и ќе биде во клубот се додека не му истече актуелниот договор.

Иначе, Сандерленд кој добро го паметиме како премиерлигаш денес се натпреварува во третото по ранг натпреварување во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како на селски фудбал, а не во квалификации за Лига на шампони: Противникот на Шкендија играше со импровизиран дрес

Во натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, велшкиот тим ТНС …