Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал се наоѓа во многу тешка ситуација, па покрај Санчез кој сигурно заминува, без разлика на судбината на Венгер клубот ќе го напуштат уште неколку фудбалери.
Наводно и Месут Озил сега го одбил новиот договор од 200.000 фунти неделно, не верува во иднината на Арсенал и донел одлука за го напушти „Емирати“.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Сеуште не се почнати ни преговорите за нов договор на Окслејд Чемберлејн, играч кој е голема желба на Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Медиумите тврдат дека неизвесна е судбината на шест фудбалери на Арсенал кои би можеле да го напуштат клубот на крајот на сезоната.
Самиот Венгер уште еднаш повтори дека тој работи за доброто на клубот и дека не е во Арсенал за да биде популарен, туку да го носи најдоброто за кубот.
Во секој случај, без разлика на тоа дали Венгер ќе остане или не, следува „жешко“ лето во Арсенал.