Синот на легендарниот Златан Ибрахимовиќ доби повик во репрезентацијата на Шведска за фудбалери родени до 2008 година.
Доаѓањето на младиот Винсент привлече големо внимание, сигурно станува збор за најголемиот интерес за У15 селекцијата на Шведска во историјата. Во кампот на репрезентацијата има 66 фудбалери кои ќе се обидат да изборат место во националниот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што Фудбалската федерација на Шведска презема посебни мерки за обезбедување на младиот Винсент.
Според пишувањето на локалните медиуми, Винсент веднаш на првиот тренинг покажал голем квалитет, а за разлика од неговиот татко тој игра во средниот ред.
Но, на новинарите им било забрането да го вознемируваат за било какви изјави и интервјуа. Во сојузот сакаат неговиот потенцијален влез во репрезентацијата да биде прирорден како што е случај и со останатите.
Här tränar Vincent Ibrahimovic med Blågult.https://t.co/JMe5XTsVeA pic.twitter.com/RUlvCaPyBF
— Fotbollskanalen (@fotbollskanal) December 4, 2023