Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар ја потврди својата одлука да остане во Пари Сент Жермен и во новата сезона.
ПСЖ загуби во финалето од Лигата на шампиони од Баерн Минхен, па Нејмар потврди дека останува со цел да го освои престижниот трофеј оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Останувам во ПСЖ и оваа сезона. Имам големи амбиции и сакам повторно да стигнеме до финалето во Лигата на шампиони, но овој пат да го подигнеме трофејот“, истакна Нејмар.
Бразилецот минатото лето инсистираше да се врати во Барселона бидејќи не бил среќен во Париз, но сега очигледно работите се променија.