Дома Фудбал Останато Нејмар на Шпанија и должи повеќе од 34 милиони евра!

Нејмар на Шпанија и должи повеќе од 34 милиони евра!

Даночната управа во Шпанија денеска објави листа на даночни должници кои и должат на земјата повеќе од 1 милион евра, а на неа се најде и најскапиот фудбалер на светот, Нејмар.

Според извештајот Нејмар на име на неплатени даноци, камати и пенали на Шпанија и должи нешто повеќе од 34 милиони евра, заклучно со 31 декември 2019 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нејмар во Шпанија играше за Барселона од 2013 до 2017 година по што во рекорден трансфер вреден 222 милиони евра премина во ПСЖ.

Нејмар беше под истрага на шпанските власти поради затајување на данок уште минатата година, а доколку наскоро не ги подмири долговите, му се заканува заплена на имот. 

Сето ова драстично ги намалува шансите за негово враќање во Барселона и воопшто во шпанскиот фудбал.

Во неговиот роден Бразил, државата го тужи за долг од 25 милиони долари данок, но Бразилецот успеа да го добие процесот и да докаже дека заработува пари во други земји и дека од него не се бара да плаќа данок во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…