Дома Фудбал Останато Нејмар може да „изгори“ за 7 натпревари

Нејмар може да „изгори“ за 7 натпревари

Ѕвездата на ПСЖ може сурово да го плати неспортското однесување во завршницата од натпреварот против Марсеј.

Имено, француските медиуми пренесуваат дека Нејмар може да биде суспендиран на период од 4 до 7 натпревари поради недолично однесување.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


На крајот од натпреварот дојде до расправија меѓу играчите, како резултат на што неколку играчи добија црвени картони, меѓу кои и Нејмар. По натпреварот, Бразилецот ги обвини своите противници за расизам.

При разгледување на овој случај, Дисциплинскиот комитет на Лига 1 ќе се потпре на регулативата на Француската фудбалска федерација, која предвидува суспензија до седум натпревари за такво однесување.

Одлуката за тоа колкава казна ќе добие ѕвездата на ПСЖ ќе биде донесена в среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Данска покажа „заби“, но Германија се пласираше во четвртфиналето 🎥

Германија со истиот резултат како и Швајцарија претходно против Италија (2:0) славеше побе…