Дома Фудбал Нејмар изненади со несебичен потег во дебито за Ал Хилал

Нејмар изненади со несебичен потег во дебито за Ал Хилал

НЕЈМАР вчера го одигра првиот натпревар во Саудиска Арабија. Во 6. коло од домашното првенство Ал Хилал го декласираше Ал Ријад со 6:1, а Бразилецот веднаш забележа асистенција и покрај тоа што на теренот влезе дури во 64. минута од натпреварот.

Покрај тоа, тој импресионираше со својот несебичен гест.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Ал Хилал го скрши отпорот на гостите до 30. минута. Потоа беше досуден и пенал, кој српскиот напаѓач Александар Митровиќ го претвори во гол.

Вториот гол беше постигнат во четвртата минута од судиското надополнување на првиот дел, а го постигна Ал Шахрани. Со тој резултат заминаa на одмор.

Во вториот дел следуваше вистинска рапсодија на домашните. Со влегувањето на Нејмар тимот повторно се разбуди, а четири минути подоцна постигна уште еден гол.

Насер Ал Даусари зголеми на 3:0. Следниот гол во мрежата на гостите беше виден во 83. минута. Нејмар го искористи Малком за 4:0.

Три минути подоцна Нејмар изнуди пенал, а потоа не изненади со потег кој не го гледавме многу често од него во ПСЖ. Имено, Бразилецот изведувањето на пеналот му го препушти на Салем Ал Доусари.

Истиот играч погоди за 6:0 во петтата минута од судиското надополнување, а конечните 6:1 ги постигна Ал Закан минута подоцна. По шест кола од шампионатот на Саудиска Арабија, Ал Хилал е прв со 16 бодови. Следуваат Ал Итихад со 15 и Ал Тавон со 13.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно кажа „да“: Зинедин Зидан на клупата на најдобриот тим во светот

Зинедин Зидан ќе стане новиот селектор на Франција по Светското првенство во 2026 година! …