Дома Фудбал Останато Нејмар за славјето пред Кимих: Случајно беше…

Нејмар за славјето пред Кимих: Случајно беше…

ПСЖ загуби од Баерн Минхен со 0-1 во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони, но поради триумфот во Минхен се пласираше во полуфинале.

По натпреварот главна ѕвезда пред новинарите беше Нејмар, кој заедно со Леандро Паредес го прослави пласманот во полуфинале директно пред ривалот Џошуа Кимих.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, Бразилецот вели дека тоа било случајно и не сакал да провоцира.

„Не славев за да го испровоцирам. Тоа случајно се случи додека Лео и јас славевме. Ми кажа дека неговиот тим е подобар, дека ќе победи и ќе се пласира во полуфинале. Можеш да ја имаш топката на своја страна, но тоа на крајот не е важно“, вели Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок во Осијек: Турски селектор се сруши среде натпревар – судијата ги испрати фудбалерите во соблекувална! (Видео)

Хрватската репрезентација до 21 година има важен натпревар против Турција во Осијек за уче…