Дома Фудбал Останато „Нејмар е само едно разгалено детиште“

„Нејмар е само едно разгалено детиште“

Поранешниот напаѓач на Бразил, Валтер Касагранде ја критикуваше најголемата ѕвезда на бразилскиот фудбал во моментов – Нејмар.

Повод за острите критики беше лошата игра на Нејмар против Реал Мадрид во натпревар од осминафиналето од Лигата на шампиони.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Против Реал доби жолт картон уште на почетокот, а можеше многу лесно да заработи и втор. Само замислете тоа да го направи и на Светското првенство, тоа би било катастрофа“, изјави 54-годишниот Касагранде.

„Се зборува дека ПСЖ може да го продаде бидејќи не се согласува со Кавани. Создадовме чудовиште, а проблем е што многумина го сметаат за гениј. Тој нема квалитет како Меси, Марадона или Роналдо. Нејмар е само едно големо разгалено детиште“, додаде поранешниот бразилски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус започнува операција за доведување на еден од најплатените играчи на Баерн

Иако летото 2026 година уште е далеку, трансфер пазарот веќе зборува за Серж Гнабри. Герма…