Дома Фудбал Останато Нејмар го „ограбил“ ПСЖ: За 80 меча заработил 111 милиони

Нејмар го „ограбил“ ПСЖ: За 80 меча заработил 111 милиони

Нејмар во 2017 година стана најскап фудбалер во историјата, кога ПСЖ за неговиот потпис плати 222 милиони евра, а му даде и плата од 37 милиони евра по сезона.

Нејмар одигра само 80 натпревари во дресот на ПСЖ во претходните три сезони, а во меѓувреме заработи богатство во Париз.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Статистичарите пресметаа дека Бразилецот по натпревар добива околу 1,4 милиони евра од ПСЖ, што е премногу во моментов. Нејмар вкупно заработи 111 милиони евра за три сезони.

Навивачите не можат да бидат воопшто задоволни затоа што ПСЖ освен лигата, не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампиони.

Притоа, Нејмар постојано искажува незадоволство и инсистира да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи влегува во трката за Адемола Лукман

Фудбалерот на Аталанта Адемола Лукман се наметнува како опција за ново засилување на Напол…