Дома Актуелно Несторовски обвинува: Не беше досуден пенал над мене и постигнаа гол од офсјад

Несторовски обвинува: Не беше досуден пенал над мене и постигнаа гол од офсјад

На вчерашниот натпревар од италијанската Серија Б екипата на Илија Несторовски и Александар Трајковски, Палермо претрпе пораз од Парма со 3:2.

По натпреварот фудбалерите на Палермо имаа сериозни забелешки на судењето на главниот судија на натпреварот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Помеѓу оние кои го обвинуваа главниот судија беше и Несторовски кој на оваа средба се запиша во листата на стрелци. Неговиот погодок можете да го видите ТУКА.

„Во овој натпревар се случија навистина чудни работи, на крајот за жал загубивме со 3:2. Прво, главниот судија не досуди пенал во наша корист по мојот дуел со Лукарели, за потоа да примиме гол од недозволена позиција, можам да кажам дека сомнителен е и пеналот од кој Парма постигна гол“, изјави Несторовски.

По оваа изјава на Нестровоски следуваше и изјавата на претседателот на клубот Ѕампарини кој истакна дека според него одредени луѓе во Италија ја форсираат Парма и имаат намера што побрзо да ја вратат помеѓу најдобрите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…