Како што пренесуваат италијанските медиуми, Хосе Каљехон одбил да потпише нов договор со Наполи и ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
Шпанецот во клубот пристигна во 2013-та година од Реал Мадрид и брзо се етаблираше во клучна фигура во тимот на „наполитанците“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, во февруари полни 33 години, а на крајот од годината му истекува договорот со клубот.
Неговиот агент потврди дека првата понуда од клубот не ги задоволува нивните барања и дека најверојатно нема да биде продолжена соработката.
Каљехон за шест години во клубот запиша 79 голови и 70 асистенции, а Анчелоти инсистира да му биде понуден нов договор.