После санкциите од Властита во Велика Британија кон Роман Абрамович Челзи се соочува со сериозни проблеми.
Денес беше објавено дека клубот нема да може да продава билети, нема да работат фан-шоповите, а нема да можат да потпишуваат и договори со играчи. Сега и главниот спонзор на Челзи „Три“ побара ја раскина соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Официјалниот спонзор кој на Челзи му дава 40 милиони евра годишно побарал раскинување на соработката и да се тргне логото од дресовите на клубот од „Стенфорд Бриџ“.
Сигурно дека ова е тежок удар за „сините“ кои ќе останат без дополнителни приходи. На стадионот ќе може да влегуваат само навивачите кои веќе имаат купено сезонски билети. На петмина фудбалери им истекуваат договорите и клубот не е во ситуација да им ги продолжи (тука).