Како да нема крај на лошите вести за селекторот Благоја Милевски пред натпреварот против Грузија и Бугарија.
Веќе е потврдено дека Милевски нема да може да смета на Етеми, Стефан Ристовски и Дарко Чурлинов. Во последен момент пристигнуваат нови лоши вести, на денот на собирот се најавува дека и Аријан Адеми нема да може да помогне во последните две средби од оваа Лига на нации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Адеми има проблеми со повреда на половината, па се пожалил на болки и ако вчера одигра цел натпревар и постигна гол за Динамо.
Ќе биде тешко на Македонија без еден од нашите најважни играчи против Грузија и Бугарија, но мора да се „стегне заби“ и машки да се одигра. Треба да се напомене и дека уште поголем проблем е тоа што Ристовски и Адеми се едни од малкумината фудбалери кои се во добра натпреварувачка форма.