Дома Фудбал Нема крај за проблемите на Зидан со повредите

Нема крај за проблемите на Зидан со повредите

Нема крај за проблемите на Зидан со повредени играчи и денес се зголеми „болницата“ во Реал Мадрид.

Имено, левиот бек Марсело се здоби со повреда на левиот бутен мускул и ќе биде испратен на детални лекараски прегледи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бразилецот доби удар за време на мечот со Гетафе и беше заменет од младиот Виктор Гарсија.

После деталните прегледи ќе се знае колку точно Марсело ќе биде надвор од терените, но сигурно ќе отсуствува 2 до 3 недели.

Надвор од терените поради повреда се уште Еден Азар, Родриго, Серхио Рамос, Валверде, Дани Карвахал, Лукас Васкез, Иско, Милитао и Алваро Одриозола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул доведува ѕвер од 90 милиони евра!

Раководството на Ливерпул потроши многу пари минатото лето, но тоа не беше доволно за да с…