Дома Останати Тенис Немаше сили за нова победа: Надал елиминиран во скоро добиен меч!

Немаше сили за нова победа: Надал елиминиран во скоро добиен меч!

Рафаел Надал по двете победи на турнирот во Бризбејн доживеа елиминација во полуфиналето и тоа во меч во кој имаше три меч топки.

Подобар од Надал беше Џордан Томпсон кој по голема борба која траеше повеќе од три часа го совлада Шпанецот со 5:7, 7:6 и 6:3.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Надал веднаш во првиот сет претрпе брејк, но успеа да се врати и го добие сетот. Во вториот сет Рафа имаше меч топка на 5:4, меѓутоа ја промаши, па се влезе во тај-брејк.

Таму Надал водеше со 3:0, а пропушти и зицер на 6:4. Австралиецот успеа да спаси и трета меч топка, за потоа да израмни, па да го добие и третиот сет за конечна победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер издоминира против Ѓоковиќ како ретко кога за финале со Алкараз!

Повредата што Новак Ѓоковиќ ја заработи на крајот од четвртфиналето против Коболи очигледн…