Дома Фудбал Останато Немало за сите исто: Јувентус ќе добиел двојно повеќе пари од Интер и Милан во Суперлигата

Немало за сите исто: Јувентус ќе добиел двојно повеќе пари од Интер и Милан во Суперлигата

Oткако пропадна проектот за Суперлигата медиумите откриваат разни детали.

Германскиот весник „Дер Шигел“ тврди дека го добил договорот кој го потпишале 12 клубови учесници. Во објавените документи стои дека немало сите клубови да добијат иста сума како што се најавуваше на почетокот.

Од „Грантот за инфраструктура“ Барселона, Реал, Мадрид, Манчестер Сити, Јувентус, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Тотенхем ќе добиеле 7.7%. Овој дел ќе следувал и за ПСЖ и Баерн ако се приклучеле.

За Интер, Милан, Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд (третиот клуб кој ќе добиел покана) следувале 3.8%.

Италијанската „Газета“ така објави дека Интер и Милан ќе добиеле околу 100 милиони евра, а Јувентус над 200 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ЕУРО анализа: Италија – Велс, двата тима ќе ротираат, но домаќинот повторно е голем фаворит

Италија е веќе сигурен патник во следната фаз аод групата А, додека Велс со четири бода за…