Во недела Рома од 20:45 часот ќе игра против Милан во рамките од 20-тото коло во италијанската Серија А.
Пред овој натпревар Жозе Мурињо одржа прес-конференција која беше во негов стил и на која се спореди со познатиот филмски херој Хари Потер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Некои мислат дека се викам Жозе Хари Мурињо Потер, нивото на очекувања е преголемо. Четири бода не делат од четвртото место. Се бориме за нешто што е скоро невозможно кога ќе ги погледнеме ростерите на останатите конкуренти“, изјави Мурињо.
Португалскиот стратег во Рома има сериозни проблеми со повредите.
„Заборавањето на овие потешкотии е погрешно. Кристинсен не е дефанзивец, Манчини не тренираше еден месец, Љоренте се повреди…Ако луѓето сакаат да ги игнорираат ваквите работи грешат. Тука морам да ја бранам нашата група која е сериозна, работи и пати. Одиме на „Сан Сиро“ со се што имаме и момците ќе дадат се од себе“, додаде „специјалниот“.