Дома Трансфер зона Некогаш големата фудбалска надеж потпишува за Црвена Звезда?

Некогаш големата фудбалска надеж потпишува за Црвена Звезда?

Федерико Македа своевремено играше во Манчестер Јунајтед, каде беше претставен како голема фудбалска надеж, но италијанскиот напаѓач не го искористи до крај својот потенцијал.

Овој 28-годишен напаѓач е дете на Лацио, потоа потпиша за Јунајтед, каде се задржа шест години, но најчесто беше праќан на позајмици.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После Олд Трафорд беше во Кардиф, Нотингем и Панатинајкос, а сега не е исклучена можноста да заигра и за шампионот на Србија, Црвена Звезда.

Панатинајкос бара еден милион евра за играчот со кој има договор до 2021. година, па останува да се види дали Звезда е подготвена да исплати милионско обештетување за Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал конечно најде кој ќе го замени Модриќ – ќе плати 150 милиони евра!

Мадридскиот гигант е во потрага по нова ѕвезда која ќе го замени Лука Модриќ и ќе го зајак…