Дома Трансфер зона Незадоволниот голман бесплатно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната?

Незадоволниот голман бесплатно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната?

Голманот на Реал Мадрид Андреј Лунин ќе остане во клубот во актуелната сезона и тоа значи дека ќе го одработи договорот со „кралевите“ до крај.

Но, според најавите нема да дојде до продолжување на соработката и по крајот на сезоната ќе си замине како слободен играч без клубот да профитира. Украинскиот голман во минатата сезона беше прв чувар на мрежата на гигантот од Мадрид до враќањето на Куртоа и тогаш повторно се пресели на клупата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Лунин е незадоволен и сака клуб во кој ќе брани редовно. Реал не сакаше да го пушти за сума под 20 милиони евра, меѓутоа не се појавија заинтересирани клубови кои се спремни да ја платат таа сума.

Наводно, неговата одлука да замине без оштета како слободен играч е конечна и нема да се промени. Лунин во Реал Мадрид пристигна во 2018 година во трансфер вреден 8.5 милиони евра од Зорја и голот на Реал Мадрид го чуваше на 48 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Спас во последен момент: Алегри инсистира на Рабио

Масимилијано Алегри беше многу незадоволен по поразот од Кременезе во Серија А и отворено …