Дома Фудбал Италија Недвед и Паратичи со различни позиции за Пирло

Недвед и Паратичи со различни позиции за Пирло

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи влегол во спор со потпретседателот Павел Недвед бидејќи барал Пирло веднаш да добие отказ.

Вчера раководството на Јувентус имаше итен состанок на кој се разговараше за позицијата на Пирло, а после тоа Недвед потврди дека тренерот останува на клупата на „старата дама“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Фабио Паратичи имал жолчна дискусија бидејќи сакал Пирло веднаш да добие отказ после поразот од Милан (0:3)

Недвед добил поткрепа од директорот Черубини, па претседателот Ањели донел конечна одлука Пирло да остане на клупата до крајот на сезоната.

Јувентус моментално се наоѓа на 5-та позиција и тешко дека ќе избори пласман во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тажно: Победа мака мачи да не згасне – нема да игра во Втора лига

Eден од нашите најпознати фудбалски клубови, прилепска Победа минува низ тежок период во к…