Еден од најдобрите светски тенисери, Рафаел Надал никогаш не ја криел приврзаноста кон Реал Мадрид, па сега откри дека сака еден ден да биде претседател на „кралскиот“ клуб.
Иако неговиот чичко, Мигуел Анхел Надал е поранешен играч на Барселона, Рафаел Надал е голем фан на Реал Мадрид и никогаш не ја крилен љубовта кон „кралскиот“ клуб.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Секако дека би сакал да го водам Реал, кој не би го сакал тоа? Но тоа е долг пат. Реал сега има претседател, Флорентино Перез и мислам дека е многу успешен. Во моментов јас не сум му потребен на Реал, но никогаш не можете да знаете што носи иднината“, изјави Надал.