Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека „црвените ѓаволи“ не може да станат шампиони во Премиер лигата оваа сезона.
Невил смета дека во тимот има индивидуална класа, но фудбалерите на Солскјер се уште не играат како тим.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Кажував дека според мене не играат добро за да бидат шампиони и кога Јунајтед победуваше. Играчите треба да бидат една целина и кога ја имаат топката и кога не ја контролираат. Јунајтед има потреба од модел и начин на игра“.
„Во моментов јас гледам само група на индивидуалци кои само на одедени моменти покажуваат дека се тим. Во составот има нови луѓе како што се Роналдо, Варан и Санчо кои треба да оформат стил на игра. Тогаш може да постигнуваш резултати дури и кога не играш добро“, истакна Невил.