Дома Фудбал Германија Неверојатно: 200.000 барања за карти за натпреварот Баерн – Реал!

Неверојатно: 200.000 барања за карти за натпреварот Баерн – Реал!

Интересот за натпреварот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во Лигата на шампиони е огромен и баварскиот гигант се соочува со потешкотии во продажбата на билети за натпреварот на „Алијанц Арена“ на 12-ти април.

Баварците пуштија специјална платформа на интернет на која секој може да ја изрази желбата да си купи билет (најмногу два на човек). Меѓутоа, на неа веднаш беа регистрирани 200.000 кандидати, па клубот беше принуден да ја запре продажбата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Стадионот на Баерн има капацитет од 70.000 места од кои 2800 ќе бидат за гостите од Мадрид. Засега продолжуваат да се примаат барања само за билети од гостинскиот сектор. Цените се од 35 до 105 евра.

Колку за споредба, најефтиниот билет на „Сантиаго Бернабеу“ ќе биде 80 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Голот на Џани во конкуренција за најдобар на колото!

Македонската фудбалска репрезентација успеа да извлече значаен бод против силната селекциј…