Дома Фудбал Англија Неверојатно: Петицијата за Халанд стигна и до – британската Влада!

Неверојатно: Петицијата за Халанд стигна и до – британската Влада!

Норвешкиот напаѓач постигна дури 19 гола на само 12 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања и покажа дека ќе биде навистина одлично засилување за тимот на Пеп Гвардиола.

Халанд ја фрли во транс јавноста во Англија со своите настапи во Манчестер Сити, а пред неколку дена се појави и петиција. Во петицијата одредени навивачи на други англиски клубови бараат на Халанд да му биде забрането да игра во Англија бидејќи сметаат дека е „робот“, па дури и ја испратиле до британската Влада.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Секако, на сите им е јасно дека се работи за шега, но многумина беа изненадени од информацијата дека оваа петиција има над два милиони потписи, што е навистина лудо и неочекувано.

Поради тоа што петицијата собра дури два милиони потписи, британскиот парламент едноставно мораше да се огласи за да ги реши сите можни дилеми околу петицијата за забрана на Халанд да игра во Англија.

Британскиот парламент јасно порача дека оваа петиција нема да биде разгледана и дека е одбиена. На сите им е јасно дека се работи за шега, но мораа јасно да објават дека петицијата нема да се разгледува иако собра толку многу потписи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…