Репрезентацијата на Чиле не успеа да се пласира на Светското првенство кое ќе се одигра следното лето во Русија.
Во одлучувачкиот натпревар од квалификациите за СП во Јужна Америка селекцијата на Чиле доживеа тежок пораз на гостувањето против Бразил (3:0) и така остана без настап на Мундијалот. Иако Чилеанците во претходните три години „владееа“ во Јужна Америка на крајот ја разочараа јавноста со очајните игри во финишот од квалификациите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тамошните медиуми ден по катастрофата во квалификациите објавија дека некои играчи на Чиле биле пијани пред натпреварот со Бразил. Тоа го потврди и сопругата на голманот Клаудио Браво, а на удар дојде и Артуро Видал кој е познат по неговите испади. Видал и уште неколку репрезентативци на еден од тренинзите дошле пијани поради што тренингот на крајот и не се одржал.
Но, Видал не сакаше да застане тука, па ноќ пред натпреварот со Бразил заминал во казино, каде што направил хаос. Иако се потрудил овој скандал никогаш да не се дознае на крајот не успеал, а се одлучи да открие сопругата на голманот на Чиле, Карла Парло.
„Целиот свет знае дека Видал пристигна пијан на почетокот на натпреварот. Добивме информации дека бил во едно казино ноќ пред натпреварот. Тука имал и конфликт со локалните момчиња. Во раните утрински часови се вратил во хотелот, а пред тоа му платил на казиното за да ги избрише снимките од безбедносните камери за да не се дознае дека направил скандал. Тој е крив за се и тоа сите треба да го знаат“, изјави Карла.