Во светот на фудбалот имаме многу интересни клаузули во договорите на фудбалерите, но можеби една од најинтересните е онаа која беше во договорот на Марио Балотели.
Некои елементи никогаш нема да ги знаеме, а некои кои се најинтересни веднаш излегуваа на виделина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таков е случајот со Балотели, сегашниот фудбалер на Ница, кој изминатите две години беше член на Ливерпул, иако година дена играше на позајмица во Милан.
Кога пристигнал во Ливерпул, тој потпишал договор во кој, меѓу останатото, пишувало дека ќе добие милион фунти бонуси доколку не добие три црвени картони во текот на сезоната.
Тоа и се случи, а Балотели си заработи милион фунти на најлесен можен начин.