Дома Фудбал Англија Неверојатни бројки: Халанд сам има повеќе голови од осум премиерлигаши!

Неверојатни бројки: Халанд сам има повеќе голови од осум премиерлигаши!

Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд оваа сезона во дресот на Манчестер сити постигна 30 гола на 27 настапи во Премиерлигата.

Норвежанецот вкупно постигна 44 голови на 38 меча за „граѓаните“ во сите конкуренции и потребни му се само уште четири гола за да се израмни со Енди Кол и Алан Ширер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интересно е тоа што Халанд има повеќе постигнати голови од дури осум премиерлигаши, а тоа се Челси, Вулверхемптон, Вест хем, Кристал палас, Бормут, Евертон, Нотингем Форест и Саутемптон.

„Граѓаните“ до крајот на сезоната играат уште осум натпревари во елитата, а ривали ќе им бидат Лестер, Арсенал, Фулам, Вест хем, Лидс јунајтед, Евертон, Челси и Брентфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Општ хаос на теренот во Англија: Никој не знаеше кој кого удираше, тупаници летнаа на сите страни

Натпревар во Англија заврши со целосен хаос и сцени кои ја шокираа Англија. Играчите, член…