Дома Фудбал Останато НЕВЕРОЈАТНИОТ Роналдо – Бројки од кои застанува здивот!

НЕВЕРОЈАТНИОТ Роналдо – Бројки од кои застанува здивот!

ronaldo

Да започнеме по ред, Роналдо вчера го одигра 400 натпревар за Реал Мадрид, постигна два погодоци и сега вкупно има 411 во дресот на „кралевите“ со што ги сруши сите рекорди.

Потоа Роналдо забележа и 112 асистенции, дури 42 пати постигнал хет-трик, од кога пристигна во Реал во 2009 година од Јунајтед освои 11 трофеи, иако ја имаше таа несреќа да пристигне во времето кога Барселона доминираше во шпанското првенство.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сепак тој веќе има три титули во Лигата на шампионите, во Реал осови и три „Златни топки“, а веројатно ќе ја добие и четвртата во јануари.

Одигра 90 натпревари во Лигата на шампионите, постигна 93 погодоци, па според тоа и тука има просек по повеќе од еден гол во натпревар и секако ова на никого до сега не му успеало.

Кога ќе ги пресметате головите и асистенции тој учествува вкупно во 523 погодоци на клубот од Мадрид во последните осум години колку што е во клубот. Ако ги погледнеме само пролетта и есента во Лигата на шампионите, поточно во 2017 година, постигна 14 погодоци на девет натпревари. Се сеќавате како сам ги превзема работите во свои раце и го одведе Реал до титулата во шпанското првенство и Лигата на шампионите.

Некој, ќе каже дека само тој шутира, но во Лигата на шампионите во последните седум шутеви кон противничкиот гол постигнал шест погодоци.

Еве што изјави Роналдо после вчерашниот натпревар.

„Не знам навистина, бројките говорат за себе, но критичарите не престануваат иако во секој натпревар покажувам кој сум. Секогаш професионално се однесував кон играта и секогаш цврсто стоев на земја. Само нека зборуваат, јас живеам за фудбалот и семејството, не за медиумите“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…